Затоа реваншот од финалето во Копа Либертадорес се игра во Мадрид, а не во Буенос Аирес…
Хуан Роман Рикелме даде одличен опис на овој натпрева: Најскапиот пријателски натпревар. Ете колкав пат помина натпреварот на векот во само една недела. Рикелме објасни и зошто реваншот од Копа Либертадорес губи на значење кога се игра во Мадрид, а не на „Монументал“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Има некои работи кои само наши, аргетинскиот месо, посебниот час, дулс де лече (локален вид на масажа) и Суперкласико. И сега нас ни го одземаа. Тажно е што нашите два најголеми клубови ќе играат надвор од земјата. Тоа требаше да биде наша журка. Да се игра во Мадрид нема смисла. Се надевам дека Бока ќе победи, но искрено мислам дека финалето се игра за само некој да може да оди на Светското клупско првенство. Бев возбуден поради можноста Ривер да стане шампион на свој терен и тоа требаше да се почитува. Вака тоа нема да се случи“, изјави Рикелме во разговор за аргентинските медиуми.
Меѓитоа после нападот на навивачите на Ривер кон автобусот со играчи на Бока, тоа беше невозможно, навистина не е лесно да се контролира таа страст.
Дополнително таа страст ја опиша Оскар Руџери кој го носеше дресот и на Ривер и на Бока.
„Играв и за Ривер и за Бока и имав одлични моменти и во едниот и во другиот клуб. Меѓутоа кога преминав од Бока во Ривер ми ја запалија куќата додека моите родители беа внатре“, изјави Руџери,
Тој даде и коментар за натпреварот во недела.
„Ривер може да игра подобро, но Бока е поефикасна и може да постигне гол од ништо“, смета Руџери.