Дома Македонски спорт Мак фудбал Уште една оставка во ВМФЛ: Си замина Ислами од Арсими

Уште една оставка во ВМФЛ: Си замина Ислами од Арсими

Второлигашот Арсими ќе мора да бара нов предводник на тимот откако досегашниот стратег Бујар Ислами си поднел остава.

Клубот оставката на Ислами ја потврди преку социјалните мрежи наведувајќи дека си заминува од лични причини. Во последното коло Арсими беше поразен на гостински терен од тимот на Каминца Саса.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако клубот имаше поголеми амбиции пред почетокот на сезоната во овој момент се наоѓа на 10-тата позиција. Инаку ова е втора оставка во последните 24 часа во ВМФЛ откако претходно си замина Даниел Стојановски од клупата на Слога Виница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…