Дома Македонски спорт Мак фудбал Даниел Стојановски си замина, Слога Виница остана без тренер

Даниел Стојановски си замина, Слога Виница остана без тренер

Tимот на Слога Виница кој се натпреварува во Втората лига на Македонија остана без тренер откако оставка си поднесе стратегот Даниел Стојановски.

Стојановски го напушта кормилото на клубот после една победа и три нерешени средби. Слога Виница со таков учинок е претпоследен тим на табелата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Почитувана фудбалска јавност на Виница и пошироко, ве известуваме дека досегашниот шеф на стручен штаб Даниел Стојановски си поднесе оставка. Како клуб сакаме да му искажеме голема благодарност бидејќи истиот во изминатиот период прифати да го води нашиот клуб во овие тешки моменти, и му посакуваме само успеси во иднина како на спортски така и на приватен план“, соопштија од клубот.

Во изјавата Стојановски истакна благодарност за дадената шанса, а заминува преземајќи ја одговорноста за лошите резултати.

„Ја преземам одговорност за лошите резултати и се повлекувам од шеф на стручен штаб. Сакам да му се заблагодарам на раководството за добиената шанса да ја водам ФК Слога 1934 Виница. Благодарност до виничката публика и до фудбалерите за нивниот труд и залагање од сега натаму јас ќе сум ви најверен подржувач. На ФК Слога 1934 Виница му посакувам успех во продолжение од сезоната. Со среќа“, изјави Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …