ЖФК Љуботен продолжува со трендот на доведување на Бразилки во своите редови.
Нов член на овој клуб е Татиане Мораес Бипсо која доаѓа од бразилскиот Ботофаго. Клубот потписот го потврди на социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нов член на нашиот клуб е и Tatiane Moraes Bipso доскорешниот член на бразилски Ботофого во новата сезона ќе биде вистински “разбивач” во нападот на ЖФК Љуботен. 31 годишната “корпулентна” Бразилка има и настапи во Европа настапувајќи во шампионатот на Швајцарија. Со “робусната” Мораес Бипсо која веднаш ги покажа своите квалитети на неколкуте пријателски натпревари нападот на ЖФК Љуботен добива сила и разновидност во нападите“, стои во објавата на клубот на социјалните мрежи.