Дома Фудбал Англија Утре е „Боксинг деј“, а овие резултати од 1963 година се навистина луди! (ФОТО)

Утре е „Боксинг деј“, а овие резултати од 1963 година се навистина луди! (ФОТО)

Резултатите од англиската прва лига на „Боксинг  деј“ 1963 се навистина неверојатни, на 10 натпревари беа постигнати дури 66 погодоци.

Многумина веројатно и знаат , но во пресрет на „Боксинг деј“ во Англија да се потсетиме на еден неверојатно „луд“ ден.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Англиската лига важи за една од најлудите во светот, но ниту Англичаните веројатно не можеа да го очекуваат она што се случило во 1963 година.

Фудбалерите во Англија на овој ден веројатно малку повеќе се опуштија. Резултатите беа неверојатни, Барнли го победи Манчестер Јунајтед со 6:1, Фулам славеше против Ипсвич со огромни 10:1, Вест Хем беше поразен од блекбурн со 2:8, а Вест Бромвич и Тотенхем ремизираа во натпревар во кој беа видени осум погодоци…

Интересно е што Манчестер Јунајтед и Барнли утре повторно ќе се сретнат на популарниот „Боксинг деј“.

Вкупно фудбалските фанови на овој ден можеа да видат 66 погодоци на десет натпревари, единствено Евертон и Болтон не постигнаа погодоци, тоа беше вистински празник на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Реал Мадрид го поздравија Модриоќ со спектакуларна кореографија (Фото)

Со почеток во 16:15 часот, Реал Мадрид го пресретнува Реал Сосиедад во последното коло на …