Двајца навивачи на Ливерпул го пропуштија вчерашниот натпревар против Генк, иако платиле по 220 евра за влезница.
Причината е бизарна. Навивачите наместо во Генк, пристигнале во Гент, односно „унтале“ цели 150 километри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Таму минале цел ден, за да сфатат дури пред самиот старт на натпреварот дека всушност го згрешиле градот.
Откако нивниот случај го обиколи светот, Гент реши да им понуди билети за нивниот натпревар.
„Ако некој ги познава двајцата или ако има контакт од нив, кажете им дека се поканети на нашиот натпревар против Волфсбург“, напишаа од клубот на Твитер.
Гент вечерва ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата Европа против германскиот Волфсбург.
??Als iemand deze twee kent of hun gegevens heeft, zeg hen dat ze vanavond welkom zijn in de Ghelamco Arena voor #GntWol!
— KAA Gent (@KAAGent) October 24, 2019
?? If anybody knows these two or has their contact details, tell ‘em they’re invited for our game against @VfL_Wolfsburg tonight.https://t.co/rtr90pYMqo