Дома Фудбал Репрезентации Уругвај и Еквадор го обезбедија пласманот на Мундијалот

Уругвај и Еквадор го обезбедија пласманот на Мундијалот

Репрезентациите на Уругвај и Еквадор се последните две селекции од Јужна Америка кои обезбедија директен пласма на Мундијалот во Катар.

Еквадор победи со 3:1 против Парагвај и така обезбеди едно од местата кои водат на Светското првенство. Место во Катар обезбедија и Уругвајците со победата од 1:0 против Перу.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Двете репрезентации се недостижни на табелата со по 25 бода на третата и четвртата позиција, места кои обезбедуваат пласман.

Перу од друга страна кој е петти ќе се бори да остане на оваа позиција и да игра во баражот, а за тоа ќе треба оваа селекција да го победи Парагвај. За место во баражот се борат уште Колумбија и Чиле.

Во останатите два натпревари кои се одиграа Бразил го победи Чиле со 4:0, а Колумбија беше подобра со 3:0 од Боливија. Бразилците своето место го обезбедија уште пред неколку кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Сити се откажа од Вирц

Манчестер Сити се откажал од ангажман на Флоријан Вирц, „граѓаните“ пресметале дека целиот…