Дома Фудбал Останато Урнебесно: Што пишуваа навивачите на Манчестер Јунајтед за Меси во 2005 година? (ФОТО)

Урнебесно: Што пишуваа навивачите на Манчестер Јунајтед за Меси во 2005 година? (ФОТО)

messi

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси дебтираше за Барселона кога имаше само 16 години и тоа во пријателски натпревар против Порто, останатото е историја…

Меси во самиот врв на светскиот фудбал е веќе скоро 15 години, а на почетокот на неговата кариера малку кој веруваше дека ќе доминира на теренот како што тоа го прави денес. Од дебито против Порто, па до денес Меси освои пет „Златни топки“, девет титули во „Ла Лига“, четири титули во Лигата на шампионите и пет „Златни копачки“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа не е изненадување тоа што во тоа време само Барселона веруваше дека се работи за неверојатен потенцијал. Имаше и такви кои го исмејуваа Аргентинецот. Англиските медиуми сега објавија интересни коментари од форумот на Манчестер Јунајтед.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ во 2005 година направија тема Лео Меси и го коментираа играчот на Барселона. Тогаш никој од навивачите на англискиот клуб не веруваше во него, а некои од нив одговорно тврдеа дека Вејн Руни е многу подобар играч од Меси.

„Тој би издржал само шест минути во Премиер лигата. Топката ја држи предолго и не е нешто добар во завршницата. Многу шутира навор од шеснаесетникот и дрибла премногу. Во Ла Лига може да прави што сака затоа што тимовите премногу внимаваат на Роналдињо. Кога би пристигнал во Премиер лигата би поминал како Рејес“, гласи еден од коментарите на навивачите на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…