Дома Останати Упорноста се исплати: Откажан и бил летот, па си платила такси од 1.700 и освои бронза!

Упорноста се исплати: Откажан и бил летот, па си платила такси од 1.700 и освои бронза!

muir

Шкотската атлетичарка тргнала од Глазгов за Бирмингем, но снегот ги одложил сите летови.

Никој не би сакал да се најде во ситуацијата на Лора Муир (24). Оваа атлетичарка тргнала на Светското првенство во Бирмингем, но се соочила со голем проблем. Сите летови од Глазгов биле одложени поради снегот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Размислвала што направила и дошла до една идеја која на крајот се покажала како одлична. Со цел за да стигне на време во Бирмингем се одлучила да земе такси. Одалеченоста помеѓу Глазгов и Бирмингем е 466 километри, а овој пат се поминува за времетраење од четири ипол часа. Таксистот и наплатил 1.500 фунти или 1.700 евра.

Стигнала на време и успеала да освои бронзен медал на 3.000 метри. После освојувањето на медалот изјави.

„Вчера ова време бев во такси на половина пат до Бирмингем. Кога излегував од домот имаше 30 сантиметри снег, а таксито за аеродромот доцнеше два часа. Имавме резервирано неколку летови, но сите беа откажани. На крајот, важно беше само да стигнам на натпреварувањето“, изјави Лора.

На прашањето дали сумата од 1.700 евра била добра „инвестиција“ таа одговорила:

„Ова е мој прв медал на Светското првенство, навистина се работи за бронза, но за мене има значење како европско злато“, порача Муир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…