Дома Фудбал Лига на шампиони Уметност: Оваа акција најдобро покажува како играше Ајакс вчера (ВИДЕО)

Уметност: Оваа акција најдобро покажува како играше Ајакс вчера (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс вчера успеаа да го совладаат Јувентус со 2:1 во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Малкумина беа оние кои очекуваа дека холандскиот тим може да помине откако првиот натпревар во Амстердам заврши со резултат 1:1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа Ајакс во Торино одигра навистина храбро и заслужено помина во полуфиналето од ова натпреварување. Јувентус поведе во 28-та минута со голот на Кристиано Роналдо и тогаш изгледаше како работата да е решена.

Холанѓаните не паднаа во играта после тој гол, напротив заиграа уште подобро и веќе во 34-тата минута изедначија на 1:1, а стрелец беше Ван Де Бек.

Матијас Де Лихт со голот во 67-та минута донесе победа на Ајакс. Холандскиот тим одигра чудесно второ полувреме и доминираа на теренот, можеа да постигнат и уште некој гол во мрежата на Јувентус.

Како Ајакс играше најдобро покажува акцијата на играчите на овој тим од 56-тата минута кога со низа фантастични додавања исфрлија неколку фудбалери на Јувентус и стигнаа до голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Радамел Фалкао стана слободен играч, каде ќе ја продолжи кариерата?

Милонариос денеска официјално го потврди раскинувањето со големиот колумбиски напаѓач, Рад…