Дома Останати Ултиматумот кој Кабиб го постави до УФЦ изгледа се исплатеше

Ултиматумот кој Кабиб го постави до УФЦ изгледа се исплатеше

Еден од двајцата тимски колеги на Кабиб Нурмагомедов за кои се најавуваше отказ после инцидентите на УФЦ 229, доби нова борба во оваа организација.

Ислам Макачев беше еден од оние кои влегоа во кафезот после борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов, а претседателот на УФЦ, Дан Вајт им најави отказ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Кабиб постави ултиматум и порача дека и тој ќе замине од УФЦ, ако неговите „браќа“ бидат отпуштени.

Изгледа дека пораката на шампионот во лесна категорија вродила со плод, па Макачев (16:1) ќе има борба на УФЦ 223, а противник ќе му биде Франсиско Триналдо (23:6).

Од друга страна се уште не е позната судбината на Зубаир Тухкугов кој го удри Конор, неговата борба која требаше да се одржи против Артем Лобов беше откажана.

УФЦ 233 е првиот евент во наредната година и ќе се одржи на 26 јануари во Анхеим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…