Дома Фудбал Лига на шампиони Украинците му фаќаат сеир на Лукаку: Ти благодариме, не спаси!

Украинците му фаќаат сеир на Лукаку: Ти благодариме, не спаси!

Фудбалерите на Интер вчера на свој терен ремизираа против Шахтјор (0:0) и така се простија од европските натпреварувања за оваа сезона.

На Интер му беше потребна победа за да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите како и на Шахтјор, реми ги водеше Украинците во ЛЕ. Така со бодот на „Џузепе Меаца“ Шахтјор обезбеди ЛЕ, а Интер заврши како последен во групата. Во ЛШ продолжија Реал Мадрид и Борусија Менхегладбах.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голема шанса за гол за победа Интер пропушти во последните минути од натпреварот. Алексис Санчез шутираше со глава, топката одеше во голот, но заврши во Лукаку кој така го спаси голот на гостите. Дефанзивецот на Шахтјор, Мјикол Матвиенко му се заблагодари.

„Интер се обидуваше да не победи. Можеме да кажеме дека овој резултат е позитивен за нас затоа што ќе играме во Лига Европа на пролет. Тие пропуштија неколку навистина добри шанси и му благодариме на Лукаку не спаси пред самиот крај“; изјави Матвиенко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…