Дома Фудбал Италија УЕФА ќе го исфрли Милан од европските натпреварувања

УЕФА ќе го исфрли Милан од европските натпреварувања

Денес или утре се очекува конечната казна на УЕФА за „росонерите“, а италијанските медиуми тврдат дека Милан ќе биде исклучен од Лига Европа поради нарушување на Финансиски фер-плеј.

Според „Скај Спорт“, Европската фудбалска федерација го отфрли финансискиот план кој го претставиле директорите на Милан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Покрај тоа, УЕФА има недоверба кон сопственикот на Милан, кој има сомнителна репутација во бизнис круговите.

Многу веројатно, Милан во случај на суспензија од европските купови, ќе поднесе тужба во Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандал: Фудбалер на Селта бил расистички навредуван против Барселона!

Тренерот на Селта Клаудио Хиралдес изјави дека навивачите на Барселона расно го навредувал…