Дома Фудбал Останато УЕФА потврди: Наскоро се враќа публиката на стадионите

УЕФА потврди: Наскоро се враќа публиката на стадионите

Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин изрази уверување дека гледачите ќе можат да се вратат на стадионите во блиска иднина.

„Мислам дека во оваа фаза е тешко да се суди што ќе научи  УЕФА и целиот свет. Секако, сите ќе запомниме дека сме многу кревки и дека вирусот практично може да го стави светот во пауза. Фудбалот, исто така. Сепак, сите ќе ја надминеме оваа криза и јас сум сигурен дека ќе станеме посилни и помудри. Фудбалската заедница покажа не само единство и солидарност, туку и пријателство и почит, изјави Чеферин.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Ние одржуваме дневен контакт и не смееме да го прекинуваме во иднина. Сигурно можеме да не се согласиме, но се додека комуницираме и подготвени сме да жртвуваме нешто, ќе бидеме на вистинскиот пат. Како и сите други, ќе се чувствував подобро ако има навивачи на стадионот. Сепак, јас сум оптимист и верувам дека гледачите ќе можат да се вратат на нашите натпревари во блиска иднина“, се надева првиот човек на УЕФА.

Претходно беше објавено дека натпреварите во организација на УЕФА ќе се одржат без гледачи заради пандемијата на коронавирус. Лигата на шампионите 2019/20 ќе заврши во Португалија, додека Лигата на Европа во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…