Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА потврди: Ако Барса стигне во финалето од ЛШ, Меси и Нејмар нема да играат!

УЕФА потврди: Ако Барса стигне во финалето од ЛШ, Меси и Нејмар нема да играат!

Ако Барса се пласира во годинешното финале во Лигата на шампионите во Кардиф, двете најголеми ѕвезди на тимот нема да може да настапат во финалето, потврди претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Овогодишното финале од најелитното клупско натпреварување ќе се одигра во Кардиф, а тоа претставува голем проблем за Барселона, бидејќи доколку стигне до истото нема да може да смета на најдобрите фудбалери Меси и Нејмар.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


„Меси и Нејмар сè уште имаат судење за затајување на данок. Оваа сезона финалето се игра во Кардиф, а тие нема да можат да настапат. Политиката на Велика Британија со новите закони забранува влез во државата на личности кои имаат било каков спор или судење во државата во која работат. Ние како УЕФА ќе се обидеме овој закон да не ги опфати фудбалерите, но знаеме дека тоа ќе биде многу тешко“, изјави првиот човек на УЕФА.

Неодмана англиските власти не му дадоа виза на фудбалерот на ПСЖ, Серж Орие, за натпреаврот против Арсенал, бидејќи фудбалерот пред два месеци беше осуден за напад врз полицаец.

Сепак, на Барселона ќе и треба „чидо“ за да стигне до финалето во Кардиф, најпрво ќе треба да ја анулира високата негатива од првиот осминафинален дуел со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Откриена платата на Конте во Наполи!

Повеќе нема дилеми, Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Наполи. Од следната сезона итал…