Расистичките испади на црногорските навивачи на натпреварот со Англија во Подгорица минатата ноќ може да донесат огромни главоболки за националниот тим.
Навивачите ги навредувале ѕвездите на англиската репрезентација на расна основа, а по завршувањето на мечот, Англичаните поднесоа формална жалба до УЕФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес и официјално отвори дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Црна Гора поради расистички испад на навивачите.
Покрај постапката за расистичко однесување, против Црногорците е почната и постапка поради употреба на пиротехника, фрлање предмети на терен и нереди на трибините.
Казната ќе биде позната на 16-ти мај и може да биде играње без публика, а во случај на повторување на таков инцидент, можно е тоа да доведе до кратење на бодови на тимот.
„Најдобар начин да ги замолчите оние што ве мразат и, да, мислам на расистите“, напиша Стерлинг на Твитер.
Best way to silence the haters (and yeah I mean racists) ?? #2019 #getsomeeducation pic.twitter.com/ohhkOJtdey
— Raheem Sterling (@sterling7) March 25, 2019