Дома Фудбал Останато УЕФА одржа нова видео конференција: За Македонија – Косово ништо уште не се знае!

УЕФА одржа нова видео конференција: За Македонија – Косово ништо уште не се знае!

УЕФА денес одржа уште една во низата видео конфенции со генералните секретари на своите членки.

На овој стостанок се презентираа потенцијални решенија поврзани за натпреварувањата на националните селекции (Лигата на Нации и баражот за ЕП 2020), како и клупските натпреварувања под капата на УЕФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прецизни термини за одигрувањето на натпреварите од УЕФА Лигата на Нации и натпреварите од баражот нема, тие ќе биде познати дополнителни.

Одредувањето на овие датуми ќе биде дефинирано кога ќе дојде до ублажување на рестриктивните мерки кои се на сила. Ќе потсетиме нас датумите за баржаите посебно не интересираат затоа што тука е натпреварот помеѓу Македонија и Косово.

УЕФА и понатаму е во константна комуникација со своите членки, со цел овозможувањето на едноставен проток информации кој е од големо значење во новонастанатата ситуација. Посебно од разлог поради ублажувањето и амортизирањето на настанатите потешкотии и проблеми предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Тоа пред се се однесува на можноста за продолжување на националните натпреварувања, преодните рокови, статусот на играчите, како и низа други општи аспекти кои влијаат на ситуацијата во фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…