Дома Фудбал Останато УЕФА одржала состанок: Тие ќе го натераат ПСЖ да го продаде Нејмар?!

УЕФА одржала состанок: Тие ќе го натераат ПСЖ да го продаде Нејмар?!

neymar

Според пишувањата на светските медиуми, Пари Сен Жермен е во огромен проблем!

Како што се наведува, претставници на УЕФА се сретнале во Киев пред утрешното финале во Лигата на шампионите и наводно било одлучено да се зголемат казните за кршењето на финансискиот фер-плеј.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На удар најмногу се очекува да биде францускиот шампион кој и претходно беше казнет за кршење на ФФП со 60 милиони евра и право да регистрира само 21 играч во Лигата на шампионите. Сега „светците“ би можеле да се соочат со поголема казна.

„Радио Монте Карло“ наведува дека УЕФА ќе инсистира ПСЖ во наредниот преоден рок да продаде неколку играчи со цел да го поправат финансиското салдо и да се изеднчат со потрошената и заработената сума.

Ова би можело да значи и заминување на Нејмар, најскапиот фудбалер во историјата за кого ПСЖ минатото лето на Барселона и плати 222 милиони евра. Со неговата продажба која би се случила за астрономска сума сигурно би биле решени сите проблеми.

Втората опција е продажба на повеќе помалку вредни фудбалери, па останува да видиме за што ќе се одлучат „светците“, секако доколку и официјално бидат казнети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…