Дома Фудбал Останато УЕФА го има првиот чекор: Ѕвездите на летниот трансфер период остануваат без настап во ЛШ

УЕФА го има првиот чекор: Ѕвездите на летниот трансфер период остануваат без настап во ЛШ

ПСЖ направи се ова лето да ги донесе Нејмар и Килијан Мбапе и моментално го има можеби и најсилниот напад на светот.

Парижаните прво го купија Нејмар од Барселона, а вчера го донесоа и талентираниот Килијан Мбапе од Монако. На овие играчи, ПСЖ потроши повече од 400 милиони евра, што е далеку од дозволеното кога е во прашање финансискиот фер-плеј.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поради тоа, УЕФА покрена истрага, па постои можност францускиот великан да остане без ЛШ, а споменатите ѕвезди се доведени токму да се нападне трофејот во најелитното европско нтпреварување.

Парижаните за Нејмар издвоија 222 милиони евра, но успеаа да ги измамат правилата за финансискиот фер-плеј. Нејмар наводно сам си ја плати клаузулата во Барселона, односно државата Катар со спонзорски договор.

Кога е Мбапе во прашање, ПСЖ го донесе на позајмица до крајот на сезоната, па
е платат 135 милиони плус додадтни 45 милиони евра во бонуси.

На овој начин, ПСЖ успеа да се засили во вредност од 400 милиони евра, да го донесе „легално“ и да го избегне финансискиот фер-плеј, но УЕФА објави дека ќе покрене истрага , а најлошото сценарио за „Светците“ е диквалификација од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…