Томас Тухел денес изненадувачки доби отказ од Пари Сент Жермен, шест месеци пред истекот на договорот.
Денес француските медиуми откриваат дека капката која ја прелеала чашата кај раководството на ПСЖ била изјавата која ја дал Тухел пред синоќешниот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во ПСЖ повеќе се чувствувам како политичар или министер за спорт, отколку како тренер. Јас само сакам да работам. Поради тоа станав тренер, можам да работам секаде, на секо место каде што има пола терен за тренинг и ДВД уред за снимање на видео-записите. Јас го сакам фудбалот, но во овој клуб не секогаш станува збор за фудбал. Во овој клуб има секакви влијанија, не е секогаш најважен интересот на екипата“, рекол Тухел.
Овие зборови наводно биле пресудни за раководството да му врачи отказ, иако познато е дека спортскиот директор Леонардо веќе подолго време е во конфликт со Тухел.