Дома Фудбал Италија Тухел се сели во Серија А

Тухел се сели во Серија А

Германскиот стратег Томас Тухел на лето би можел да се пресели во Серија А и да седне на кормилото на Рома ако Жозе Мурињо одлучи да си замине, пренесува „Газета дело Спорт“.

Раководството на „волчицата“ смета дека Тухел би бил идеален наследник на „Специјалниот“ и сака со него да започне нов проект.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тухел е слободен откако доби отказ во Челзи на почетокот на сезоната, иако со „сините“ ја освои Лигата на шампиони во сезоната 2020/21.

Сепак, Рома ќе има жестока конкуренција, а интерес за Тухел покажува уште еден клуб од Серија А, а тоа е Интер доколку одлучи да му врачи отказ на Симоне Инзаги на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…