Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел после силните повреди: Потребен ми е план Д

Тухел после силните повреди: Потребен ми е план Д

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел е загрижен поради многуте повреди кои му се случија на неговиот тим во последниот период.

Да потсетиме, ПСЖ во вторникот вечерта гостува на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ, а Тухел на тој натпревар покрај Верати и Нејмар нема да може да смета уште и на Едисон Кавани, кој синоќа заработи повреда.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Германскиот стручњак порача дека сега му е потребен план Д.

„Без Нејмар, а веројатно и без Марко и Едисон, потребен ми е план Д. Не можам толку напред да размислувам. Мора да се занимаваме и со играта на Јунајтед, да останеме мирни и полни самодоверба.“

„Мојот став е јасен, за натпреварот против Јунајтед неопходно е да ги имаме на располагање најдобрите играчи, како што беше случај и за Ливерпул, па дури и за Звезда.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…