Трансферот на Ромелу Лукаку во Челзи е веќе завршена работа, па кога веќе се знае изјава на таа тема даде и тренерот на „сините“, Томас Тухел.
За Лукаку ова е второ доаѓање во Челзи, но за разлика од првиот пат кога дојде како младо момче од Андерлехт сега пристигнуа како голема ѕвезда.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Ромелу е тип на играч како Халанд, Левандовски и Кејн, вистинска 9-ка. Сака да биде во шеснаесетникот и да постигнува голови. Немавме таков играч и баравме. За него веќе не е тајна, но други имиња нема да споменувам“, изјави Тухел.