Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел не сака да се раздели со дефанзивецот Бенџамин Павард.
Павард побара трансфер и се договори со Интер, а трансферот беше пред реализација за 30 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, Тухел во последен момент го стопира трансферот бидејќи нема време да најде соодветна замена.
„Павард навистина побара да замине. Меѓутоа, неговото барање дојде доцна и тоа ме изненади. Многу ми се допаѓа, но должни сме да мислиме на интересите на клубот. Ако некој побара трансфер треба да се случи во соодветно време, бидејќи е непоходно да се најде замена. Дали ќе замине или ќе остане зависи од тоа дали ќе успееме да најдеме замена“, изјави Тухел.