Фудбалерите и некогашниот тренер на Борусија Дортмунд, сведочеа на судењето на напаѓачот Сергеј В. кој се обиде да ги убие изминатата година.
Во Дортмунд денес е продолжено судењето на Сергеј В. кој изминатата година изведе бомбашки напад на автобусот со фудбалерите на Борсуија, а во пресрет на мечот од четвртфиналето во ЛШ против Монако на Вестфален.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓу сведоците денес се најдоа фудбалерот на Баер Леверкузен, Свен Бендер како и искусниот голман Роман Вајденфелер. Сепак, убедливо најмногу внимание предизвика сведочењето на некогашниот тренер, Томас Тухел кому бомбашот му нанесе сериозна штета.
На прашањето на обвинителот дали би останал тренер на Борусија доколку нападот не се случел, Тухел одговори:
„Мислам дека да. Претпоставувам. Однесувањето после нападот и неговите последици создадоа огромна нетрпеливост помеѓу мене и извршниот директор Јоаким Вацке. Фактот дека јас бев во автобусот, а тој не и не знае што преживеавме. Сепак, не натера да играме и загубиме. Се сложувам 100% со изјавите на останатите играчи, никако не требаше да играме по нападот“, истакна Тухел.
И, навистина, Борусија тогаш беше елиминирана од Монако по поразот на двата меча, а Тухел на крајот од сезоната заработи отказ. Инаку, тој е еден од главните кандидати за тренерската позиција во Баерн Минхен следната сезона.