Дома Останати Кошарка Евробаскет Турција потклекна: Србија подобра во „Фенербахче арената“ на Евробаскетот

Турција потклекна: Србија подобра во „Фенербахче арената“ на Евробаскетот

Со резултат 80:74 Србија беше подобра од домаќинот Турција во последниот натпревар од третото коло во Д групата, на Европското првенство во кошарка.

Србите, пред 12.000 гледачи во „Фенербахче арена“, во трилер завршница славеа над домаќинот. Србија од почетокот на мечот имаше предност, во втората четвртина и од 14 поени (27:13), а до средината на последниот период разликата се движеше помеѓу шест и десет поени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турците на шест минути до крајот со серија тројки само за момент преминаа во водство (55:56), а серијата на домаќинот ја запре Богдановиќ со две тројки во интервал од 15 секунди.

До крајот пресуди искуството и смиреноста на Србите, кои ги одбија сите напади на Турција за евентуален пресврт.

Богдановиќ со 17 поени (12 во последната четвртина) и Јовиќ со 15 поени, девет асистенции и четири скока ја предводеа Србија до втората победа на Европското првенство, додека кај Турција, која го запиша вториот пораз најефикасни беа Махмутоглу со 19 (5 тројки) и Осман со 15 поени.

Утре Србија ќе игра против Велика Британија, а Турција против Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…