Дома Останати Кошарка Евробаскет Турците ги изненадија Шпанците: Дарушафака подобри од Реал

Турците ги изненадија Шпанците: Дарушафака подобри од Реал

Дарушафака го заокружи успешниот ден на турските тимови во Евролигата, откако во вториот меч од четвртфиналната серија со Реал, победи 80:84. Претходно Ефес победи во Атина против Олимпијакос 73:71. Резултатот во серијата е израмнет на 1:1.

Турскиот тим кој во последното коло избори пласман во Топ 8, одигра уште еден одличен натпревар во Мадрид, но за разлика од првиот, во вториот успеа да победи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дарушафака имаше шест поени предност по првиот дел, но Реал возврати во третиот период, кога блескаше Серхио Љуљ кој постигна 18 од 30-те поени на Реал во третата четвртина.

Решавачкиот период донесе голема борба и неизвесност, а повеќе нерви имаа играчите на Дарушафака, кои со мирна игра ги казнија сите неуспешни обиди за три поени на играчите на Реал.

Вонамејкер со 21, односно Вилбекин и Жижиќ со по 17 поени ја предводеа Дарушафака, додека кај Љуљ двоцифрен ефект имаа само Љуљ (22 поени) и Ајон (16 поени).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Дончиќ не смее сам да оди ниту во тоалет: Овој човек го следи Лука на секој чекор (Видео)

Актуелното Европско првенство во кошарка е полно со ѕвезди кои играат за разни репрезентац…