Дома Останати Ракомет Турски ракометен репрезентативец со неговиот син загинал во земјотресот

Турски ракометен репрезентативец со неговиот син загинал во земјотресот

Вчера вечер турската ракометна федерација соопшти дека репрезентативецот на оваа земја, Џемал Кутхаја со неговиот петгодишен син го загубиле животот во страшниот земјотрес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија однесе илјадници животи, а вчера стигна потврда дека помеѓу загинатите е и Кутхаја со неговиот син. За време на земјотресот Кутхаја покрај својот син, бил заедно и со неговата сопруга која се уште се води за исчезната.

Кутхаја го носеше дресот на Хатајспор, а спасувачките екипи седум дена беа во потрага по семејството, надевајќи се на добри вести, но сега турската федерација ја потврди трагичната вест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Манасков го има голот на сезоната во ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во сезоната 2025/26…