Дома Македонски спорт Турингер срушен во Германија, Вардарки покажаа моќ!

Турингер срушен во Германија, Вардарки покажаа моќ!

После победата на машкиот тим денес и тимот на Вардар во женска конкуренција запиша победа.

Вардарки денес славеа победа од 29:21 против тимот на Турингер во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Црвено-црните од самиот старт ја наметнаа својата препознатлива игра и после нерешениот резултат 6:6 следуваше одлична серија од 6:0 со која го одлучија прашањето на победникот. На полувремето нашиот претставник замина со предност од 19:11.

До крајот финалистот од минатогодишното финале во Лигата на шампионите успеа да ја задржи предноста и да слави со 29:21.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Радичвиќ со седум погодоци, додека Лекиќ, Пенезиќ и Лакрабер постигнаа по пет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елим…