Карлос Боргес 19-годишниот крилен напаѓач на младата екипа на Манчестер Сити наскоро би требало да премине во Вест Хем во трансфер вреден 16 милиони евра.
Со овој трансфер Сити дојде до одлична заработка од 130 милиони евра од продажба на фудбалерите само од младинската школа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно ова лето клубот го напушти и Ши Чарлес кој исто така играше против Хајдук, а Саутемптон го плати 15 милиони евра. Иако Сити со години доведува играчи за големи пари, често се потценува работата на школата на европскиот шампион.
Минатата сезона најдобриот клуб на светот заработи повеќе од 200 милиони и на доведување нови играч ипотроши 10 милиони евра помалку. Само од четворица млади играчи кои преминаа во Саутемптон Гавин Базун, Ромео Лавија, Саму Едозеи и Хуан Лорис заработија 40 милиони евра.