Дома Фудбал Останато Тренер преку телефонски повик добил отказ додека во болница се борел за живот

Тренер преку телефонски повик добил отказ додека во болница се борел за живот

Навистина една нечовечка ситуација ни доаѓа од Италија од тимот на Месина.

Имено, стратегот на овој тим Пино Риголи добил отказ додека бил во болница и се опоравувал од коронавирусот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Риголи во последните пет натпревари воопшто не го водеше својот тим, но раководството одлучило да го отпушти преку телефонски повик. И тоа додека тој бил во болница.

Кога тренерот бил отпуштен Месина се наоѓала на третото место со два натпревари помалку и пет бодови заостанување зад лидерот. Клучен бил поразот од Асиреале, па така преку ноќ ја заборавиле низата од 10 позаитивни резултати (шест победи, четири нерешени).

Риголи добил повик од еден од директорите и му било соопштено дека повеќе не е тренер, а начинот на кој бил отпуштен предизвика многу полемики во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…