Дома Фудбал Италија Тренерот на Салернитана: Жал ми е што морам Мурињо да го учам како да се однесува

Тренерот на Салернитана: Жал ми е што морам Мурињо да го учам како да се однесува

Рома вчера славеше против Салернитана со 2-1 и во тежок дуел на кој беа покажани дури 13 жолти картони, но и вербални пресметки покрај теренот.

Од Салернитана тврдат дека се ограбени во мечот и Рома со помош на судиите освоила бодови, а најгласен беше поранешниот спортски директор на тимот од Рим, Валтер Сабатини.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сабатини ги нападна судиите, но и тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

„Со голема почит кон Рома, но беа забележани некои многу чудни работи на теренот. Жал ми е што морам Мурињо да го учам како да се однесува. Тој е полу-Бог, а јас знам што сум. Јас сум многу, но никогаш нема да стигнам до неговото ниво. Знам дека никогаш не освоив ништо, но барем сум сериозна личност“, вели Сабатини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси сака да се раздели со уште десетина играчи до затворањето на прозорецот

Челси веќе продаде речиси цел тим за вкупна сума над 200 милиони фунти, но клубот ќе напра…