Aтлетик Билбао беше поразен од Селта со 2:1 во рамките од 36. коло во Ла Лига.
Гостите поведоа со голот на Беренгуера по 23 минути игра, а домаќинот со головитe на Сведберг во 68. и Алварез во 71. миута дојде до победата. За Селта ова беше важна победа во битката за опстанок додека Билбао остана на петтото место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 62. минута гостинскиот тренер Ернесто Валверде одлучи да го повлече од игра игра голманот Унаи Симон. Место него во игра влезе Агирезабала. Симон не беше повреден, а зад овој потег на Валверде се крие јасен план.
Имено, сите во клубот сакаат Симон да ја освои наградата „Замора“ за голман на сезоната. Наградата се доделува на голманот со најмал коефициент на примени голови.
Симон има коефициент од 0.94 примени голови по натпревар. Во 35. коло од Ла Лига примие 33 гола и е во водство пред Ремир од Реал Сосиедад и Тер Штеген од Барселона.
Главниот услов за наградата е да одиграат 28 натпревари по 60 минути најмалку. Поради тоа Валверде го повлече Симон во 61. минута при водство на Атлетик. На крајот Атлетик прими два гола, но тие не се препишуваат на Симон.