Во центарот на вниманието во Шпанија од саботата е инцидентот во кој фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде го удри напаѓачот на Виљареал, Алекс Баена.
Баена за „нокаутот“ по победата на неговата екипа од 3:2 поднесе и тужба во полицијата. Иако таа пријава не е поврзана со спортскиот терен, сепак Уругваецот би можел да заработи сериозна суспензија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Валверде би можел да добие суспензија од дури 12 натпревари.
Причината за таквата реакција наводно била навреда на Баена кон неговото неродено дете за време на натпреварот, но Баена во изјавата за инцидентот негираше дека на таков начин го навредил Уругваецот.