Дома Македонски спорт Тренерот кој испиша историја со Вардар денес пронајде нов ангажман

Тренерот кој испиша историја со Вардар денес пронајде нов ангажман

Поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски денес беше промовиран во нов тренер на Енозис Паралимни од Кипар.

Јаневски после скоро една деценија се враќа во тимот на Енозис каде што работеше како прв тренер од 2009 до 2011 година. Задачата на Јаневски ќе биде да го спаси клубот од испаѓање.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во кариерата Јаневски освен што беше селектор на Македонија ги водеше: Бриж, Монс, Беверен, Мускрон, Вардар…Со црвено-црните во 2017 година испиша историја пласирајќи се во групната фаза од Лигата на Европи.

„Енозис одлучи да го ангажира нашиот поранешен тренер Чедомир Јаневски кој се враќа по девет години. Веруваме дека ќе ни донесе успех“, стои во соопштението од Енозис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…