Она што како гласина се појави пред неколку дена сега е и потврдено, Чедомир Јаневски преговара со тимот на ЦСКА Софија.
Јаневски во текот на вчерашниот ден имал средба со сопственикот на бугарскиот клуб Гриша Гавчев во главниот град.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот стратег во Бугарија пристигнал уште во средата, а првата среба како што кажавме ја имаше вчера. Средбата се одржала околу еден час и траеле околу два часа, по што очекувањата се Јаневски наскоро да седне на клупата ЦСКА Софија.
Јаневски поставил свои услови и најавил дека ќе работи со целосна посветеност. Според информациите, тој сака да си донесе сопствен тим со кој ќе го води клубот, наводно од клубот неговите услови биле прифатени.
Официјална потврда за седнувањето на Јаневски на клупата на ЦСКА Софија се очекува во наредните неколку денови.
Засега ништо не е потврдено, но шпекулациите се дека Јаневски ќе добива плата од 50.000 евра месечно.