Македонија во четврток го игра баражот со Италија за Светското првенство, пред овој натпревар зборуваше и Александар Трајковски за кого ова ќе биде враќање во Палермо каде што помина прекрасни години.
Трајковски верува во изненадување и сака Италијанците да не потценат, а ние да им покажеме колку вредиме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога слушнав дека натпреварот ќе се игра во Палермо бев многу среќен затоа што поминав многу убави четири години во тој клуб и во тој град. Сите знаеме колку е важен овој натпревар за нас и за целата Македонија, верувам во нас и во моите соиграчи дека ќе успееме да ја израдуваме Македонија. Ќе го дадеме нашиот максимум и ќе направиме се за да дојдеме до добар резултат“.
„Ми пишуваат моите пријатели кои се од таму, ме чекаат да се вратам после толку време, среќни се што се погоди натпреварот да се игра таму. Како што кажав и јас сум среќен, што ќе се вратам и ќе играм таму против Италија и се надевам дека ќе победиме“.
„Никогаш не е убаво да потцените противник, но искрено јас сакам да не потценат, а потоа да им покажеме колку згрешиле. Ние имаме одлични играчи кои играат во одлични лиги, тоа го покажавме и до сега, па се надевам и во овој натпревар ќе ја покажеме нашата вредност“.
Натпреварот против Италија го играме в четврток во терминот од 20:45 часот.
ЦЕЛАТА ИЗЈАВА НА ТРАЈКОВСКИ