Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски даде ексклузивно интервју за „Скај Италија“.
Трајковски неколку години помина во Палермо и зборуваше за смртта на претседателот Маурицио Зампарини, како и за престојниот бараж дуел за СП помеѓу Италија и Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веста за смртта на претседателот Зампарини многу ме погоди. Нема да го заборавам никогаш тоа што го направи за мене, ме донесе во Италија и во тие 4 години ми даде голема доверба. Секогаш ме штитеше и кога работите не одеа во добра насока. Засекогаш ќе остане во моето срце“, истакна Трајковски.
„Кога победивме на дуелот со Исланд и се пласиравме во бараж за СП тоа за нас е огромен успех. Македонија никогаш немала ваква голема шанса да биде блиску да игра на Мундијал. Не можам ни да замислам какво славје ќе биде ако се пласираме на Светско првенство“.
„Кога разбрав дека ќе играме против Италија и тоа во Палермо се возбудив. Полсле долги години ќе се вратам на стадионот каде што играв. Италија ми недостасува, во еден натпревар може да се случи се. Македонија има добар тим и Италија треба да биде внимателна“, додаде Трајковски.
Трајковски неодамна се пресели во Саудиска Арабија, а во интервјуто посочи дека се надева дека во иднина ќе се врати во Италија.
La nostra intervista a @ATrajkovski17: dal passato al Palermo al saluto a #Zamparini, fino al playoff per #Qatar2022 contro l'Italia, in programma proprio nel 'suo' Barbera: "Noi siamo forti, in una partita può succedere di tutto"https://t.co/qYPWCxYG8y
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) February 7, 2022