Дома Фудбал Траоре, Торес, Алвес или Обамејанг – кој нема да игра Лига Европа?

Траоре, Торес, Алвес или Обамејанг – кој нема да игра Лига Европа?

Чави ќе мора да донесе одлука која не е лесна.

Барселона во зимскиот преоден рок ги доведе Феран Торес, Адама Траоре и Пјер Емерик Обамејанг, нешто порано пристигна Дани Алвес. Но сите четворица нема да можат да бидат регистрирани за настап во Лигата на Европа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според правилата на УЕФА секој клуб има право да регистрира само тројца дополнителни играчи за продолжување на сезоната, па затоа Чави ќе мора да „отпише“ еден. Хави Мигел тврди дека тоа најверојатно ќе биде Обамејанг затоа што Габонецот дојде последен (денес го имаше првиот тренинг со клубот), па ќе му биде потребно малку повеќе време. Ќе потсетиме во Арсенал Артета го исфрли од составот пред два месеци.

И покрај тоа што Обамејанг одработи тренинг, Барселона официјално овој трансфер не го потврдила, сепак се очекува и тоа да се случи до крајот на денот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике збесна и го грабна Педро за врат, а потоа го удри во лице (Видео)

Челси ја комплетираше својата блескава кампања со убедлива победа од 3-0 против ПСЖ во фин…