Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Буфон и официјално „дома“, нови детали за Гризман и Барса, Ајакс го изненади Јувентус

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Буфон и официјално „дома“, нови детали за Гризман и Барса, Ајакс го изненади Јувентус

И денес сме тука да известуваме за се што се случува на трансфер пазарот! Вчера вест на денот беше потврдата која стигна вечерта за Жоа Феликс и трансферот од 126 милиони евра. Денес денот започна со потврда од Италија.

– Како и што беше најавено Буфон утрово ги помина лекарските прегледи во Јувентус. Наскоро се очекува и потврда за потписот.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


– Потврда стигна и од Лондон! Лампард е нов тренер на Челзи (ОВДЕ)

– Скоро сите италијански медиуми пишуваат за состанокот на Ванда Нара и Фабио Партичи (спортскиот директор на Јувентус) на Ибица (ОВДЕ)

– Официјално: Бенфика го купи напаѓачот на Реал Мадрид, Раул Де Томас (ОВДЕ)

– Утрово се појавија прилично повеќе вести за Јувентус, па така се појави и вест за Де Лихт. Наводно Јувентус се обидел да го добие Де Лихт за сума од 58 (49+9) милиони евра, а не за најавените 70-80 милиони евра. (ОВДЕ)

– „Марка“ објави дека Пол Погба поднел официјално барање за трансфер!

– Официјално: Севиља го комплетираше трансферот на Лукас Оскампос.

Ајозе Перез ги минува лекарските прегледи во Лестер каде што треба да се пресели за сума од 30 милиони фунти!

Марио Манџукиќ може да го напушти Јувентус, а најсериозен кандидат да го доведе е германска Борусија Дортмунд. (OВДЕ)

– Вест Хем нема намера лесно да се откаже од Марко Арнаутовиќ и тоа ќе го направи само за сума од 40 милиони фунти (44.5 милиони евра).

– Медиумите пренесуваат дека понудата на Јувентус од 49+9 милиони евра за Матијас Де Лихт е одбиена! Целата ситуација будно ја следи Пари Сен Жермен…

– „Газета“ и „Дејли Мејл“ објавија дека Тотенхем на Рома го понудил Алдервилд и 15 милиони евра за Николо Заниоло.

– Новинарот на „Скај“ Кевен Солхекол тврди дека Арсенал има многу поголем буџет од 45 милиони евра.

„Ако го сакаат Заха тие ќе најдат начин да го купат бидејќи имаат пари. Кристал Палас сака 70 милиони евра, а Арсенал тоа може да го исполни. Но повеќе од тоа нема да платат“, изјави Солхекол.

– ПСЖ до Барселона за Нејмар поставил нереални барања – го сакаат Дембеле и 100 милиони евра! (ОВДЕ)

– Договорено! Лион за 25 милиони евра го купи стоперот Јоаким Андерсен. Андерсен е петто засилување за францускиот клуба ова лето.

– Официјално: Наташа Андонова потпиша едногодишен договор со Леванте (ОВДЕ)

– Трансферот на Родри во Манчестер Сити вчера беше потврден, а денес фудбалерот стави потпис на договор со „граѓаните“. Тој ќе го носи дресот со број 16. (ОВДЕ)

– Официјално: Ајозе Перез е нов фудбалер на Лестер! (ОВДЕ)

Хавиер Занети демантира дека Интер добил понуда од Барселона за Лаутаро Мартинез.

– Дел од шпанските медиуми пренесуваат дека Дани Себаљос не сака да се пресели во Милан, негова желба наводно е Премиер лигата.

– На мета на Милан за овој преоден рок се најде 21 годишниот репрезентативец на Алжир Исмаел Бенакер. (ОВДЕ) Покрај него во некои италијански медиуми со италијанскиот клуб се поврзува и дефанзивецот Матија Настасиќ (OВДЕ)

– Официјално: Раул Албиол го напушти Наполи и се врати во Шпанија во редовите на Виљареал кој за него плати пет милиони евра.

– Марсело наводно е се поблиску до заминување и самиот сака да го напушти Реал Мадрид. (OВДЕ)

ДЕ ЛИХТ: Нови информации за ситуацијата помеѓу Ајакс и Јувентус! Најново на оваа тема е дека Ајакс сега бара 87 милиони евра што е еднаков на светскиот рекорд кој го плати Ливерпул за Ван Дијк! (ОВДЕ).

– Иако изгледаше дека е блиску, трансферот на Анте Ребиќ во Атлетико Мадрид нема да се реализира.

– Италијанските медиуми најавуваат дека државата Катар преку своите инвестициони фондови би можела да го превземе Милан. (ОВДЕ)

– Агентот на Фелипе Кутињо:

„Пред неколку дена зборував со спортскиот директор на каталонскиот клуб и ми кажа дека Барселона не сака да го продава Кутињо ова лето, без разлика што ќе се случи. Притоа, не сме имале никаков контакт со ПСЖ“, изјави Кија Јорабчијан.

–  Oфицијално: Буфон е нов голман на Јувентус!

– Медиумите откриваат детали од договорт на Гризман и Барселона. (ОВДЕ)

– Ако Погба замине Манчестер Јунајтед веќе има подготвено негова алтернатива, а тоа е Бруно Фернандеш од Спортинг (ОВДЕ)

-Директорите на Атлетико Мадрид пристигнале во Истанбул на преговори со Фенербахче за трансфер на Елиф Елмас..

-Официјално: ПСЖ го потврди трансферот на Андер Ерера, кој доаѓа од Манчестер Јунајтед како слободен агент.

-Официјално: Арјен Робен реши да стави крај на кариерата во 36-та година од животот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миралем Пјаниќ има нов клуб

Поранешниот босански репрезентативец и фудбалер на некои од најголемите европски клуови, М…