Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на плејмејкерот на Емполи и алжирски репрезентативец Исмаел Бенакер, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
21-годишниот плејмејкер имаше одлична сезона во Серија А, а со добрите настапи продолжи и на Африканскиот куп на нации, па го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.
Бенакер потекнува од школата на Арсенал, но не доби шанса во првиот тим на „топџиите“, па последните две години ги помина во Емполи.
Тренерот на „росонерите“ Џампаоло смета дека Алжирецот ќе биде одлична алтернатива во средниот ред, па раководството на Милан веднаш ги започна преговорите.
„Скај Италија“ тврди дека двете страни се блиску до договор и дека трансферот ќе изнесува помеѓу 10 и 15 милиони евра со вклучени бонуси.