Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Чичаритo има нов клуб, Јунајтед сака напаѓач од 50 милиони евра, Јанузај во Серија А

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Чичаритo има нов клуб, Јунајтед сака напаѓач од 50 милиони евра, Јанузај во Серија А

Со Спортски и денес следете се што се случува на трансфер пазарот.

Веста која се појави вчера дека Интер го договорил Мозес се покажа како точна. Фудбалерот денес ќе ги помине медицинските прегледи после што ќе стави потпис на договор со „нероаѕурите“. (тука)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според некои информации Барселона спрема голем трансфер – го сака Обамејанг! (тука). Резервна опција за Каталонците наводно е Вернер од Лајцпиг.

Претседателот на Газиантеп потврди: Преговараме со Јаховиќ! (тука)

Вчера беше објавено дека Сусо побарал трансфер од Милан. Меѓутоа не е само Сусо незадозоволен во Милан. И Хакан Чалханоглу не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината. Милан би можел да го искористи во обидот да го доведе Ченгиз Ундер од Рома.

Реал Мадрид на млади таленти потрошил 132 милиони евра! (тука)

Холандски „Телеграф“ тврдеше дека Реал Мадрид постигнал договор со Ван Де Бек, а сега се огласи самиот фудбалер: Ништо не е одлучено и не сум се договорил со никого. Ситуацијата во текот на оваа сзона не се промени. Тоа се два големи клуба (Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид), но и Ајакс е голем клуб.

„Билд“ од Германија и „АС“ од Шпанија на големо пишуваат дека Реал Мадрид постигнал договор со Баерн Минхен за Одраизола да се пресели на позајмица во германскиот гигант. Засега не е познато дали Баерн би имал право на откуп наредното лето. (тука)

Според последните информации од Островот, Вилферд Заха останува во Кристал Палас. Играчот неодамна го ангажираше Пини Захави да му пронајде нова средина, но Палас бара 80 милиони евра и тоа изгледа е премногу за заинтересираните клубови.

Рускиот фудбалер Александар Кокорин кој во септември минатата година излезе од затвор пронајде нов клуб и потпиша договор со фенерџијата Сочи.

ПСЖ започнал да преговара со Кулибали!? (тука)

Рома не се откажува од Политано. Откако пропадна размената со Спинацола клубот од Рим има нова понуда – позајмица на 18 месеци и право на откуп за 20 милиони евра. Самиот Политано сака трансфер во редовите на „волчицата“.

Едисон Кавани многу се поврзува со Атлетико Мадрид, но сега „јорганџиите“ добиваат конкурент – Челзи влегува во трката за потписот на Уругваецот! (тука)

Сапуницата околу Дани Олмо продолжува. Најновата информација е дека Лајпциг понудил 20 милиони евра.

„Скај Спорт“ најавувап ресврт во ситуацијата со Мертенс. На Мертенс договорот со Наполи му истекува на крајот од сезоната и се најавуваше дека нема да го продолжи. Сепак, сега наводно играчот одлучил да ги реши несогласувањата со претседателот Де Лаурентис и да го продолжи договорот. (тука)

Џердан Шаќири нема да го напушти Ливерпул во овој преоден рок. Шаќири имаше понуди од Севиља и Рома, но ги одби.

Арсенал покажал интерес до крајот на овој месец да го доведе Жером Боатенг.

Килијан Мбапе не сакаше да зборува за можноста да премине во Реал Мадрид, но отворено призна дека му се воодушевува на Ливерпул. (тука)

„Можам да потврдам дека Милан е заинтересиран за мојот клиент и Јанузај сигурно би сакал да потпише за „росонерите“. Исто така и Рома покажува силен интерес, па големи се шансите Аднан уште овој месец да се пресели во Серија А“ , изјави агентот на Аднан Јанузај.

На Анчелоти не му е јасно зошто Наполи го купил Елмас! (тука)

На Реал Мадрид не му се неопходни нови фудбалери. (тука)

Како резервна опција ако не стигнат до потписот на Кавани, Атлетико го означил Чими Авила од Осасуна. (тука)

Официјално: Набил Бенталеб го комплетираше трансферот од Шалке во Њукасл. (тука)

Чичарито е нов играч на ЛА Галакси! (тука)

Ако пропаднат преговорите со Бруно Фернандеш, Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе Матија Весино од Интер.

Откако Њукасл го комплетираше трансферот на Бенталеб сега работи на доведување на Лазаро од Интер. Премиерлигашот наводно испратил понуда и го чека одговорот на Интер.

За информацијата која се појави на Островот пред неколку дена се пишува и денес, Јунајтед после повредата на Рашфорд е упорен во намерата да го доведе Дембеле од Лион се споменува сума од 50 милиони евра.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона го контактирала Олмо и му кажала да почека неколку дена. (тука)

Во дел од медиумите на Островот се тврди дека Арсенал постигнал договор со ПСЖ за Лајвин Курзава. (тука)

Виктор Мозес ги заврши лекарските прегледи пред неколку минути и наскоро се очекува официјална потврда и потпис.

„Скај Спорт“ ги демантира најавите кои се појавија во текот на вчерашниот ден дека Ливерпул покажал интерес да плати 60 милиони евра за Тимо Вернер.

„Билд“ објави дополнување на веста за Одраизола. Фудбалерот наводно веќе е на пат да ги комплетира медицинските прегледи во Минхен.

Eве ја официјалната потврда: Чичарито претставен во ЛА Галакси!

Детали за можната размена помеѓу Барселона и Јувентус. Бернардески – Ракитиќ. Барселона нуди плус 10 милиони евра, но Јувентус бара двојно повеќе. Ако нешто не се промени тешко дека ќе дојде договор.

Обложувалниците ја блокираа можноста Бејл да се врати во Тотенхем поради големиот број уплати во последните 24 часа. Знаат ли нешто повеќе? (тука)

Тухел: Кавани ја изгуби самодовербата, но ние сакаме да го задржиме во ПСЖ.

Вечерна бомба лансираше новинарката на еден од најпознатите и најдоверливи медиуми во Аргентина – Барселона се откажува од Обамејанг и Родриго и плаќа 120 милиони евра за Лаутаро Мартинез!? (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…