Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Артета.
Киран Тирни е надвор од теренот уште пред три месеци, додека Колашинац често има некои ситни повреди и Артета смета дека му е потребен уште еден лев бек.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
27-годишниот Курзава ќе биде слободен агент на крајот на сезоната и сега има право да преговара со заинтересираните клубови. Француските медиуми тврдат дека постигнал комплетен договор со „топџиите“.
Сега останува да се види дали клубовите ќе се договорат за Курзава веднаш да се пресели на „Емирати“ или ќе пристигне во јуни како слободен агент.
Arsenal have reached an agreement with Paris Saint-Germain defender Layvin Kurzawa. (Source: France Football) pic.twitter.com/grG7cmgxTJ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 21, 2020