Дома Топ вести Бомба од Аргентина: Барселона плаќа 120 милиони евра за Лаутаро!?

Бомба од Аргентина: Барселона плаќа 120 милиони евра за Лаутаро!?

Во Барселона изгледа брзо сфатија дека нема ништо од Обамејанг, а и од Родриго, па имаат нова мета – Лаутаро Мартинез!

Се стресе тлото од Аргентина до Европа поради веста која вечерва во јавноста ја пласираше Вероника Брунати, новинарката „ТНТ Спорт“. И не станува збор за некој таблоид, туку за медиум кој во Јужна Америка важи за еден од најреномираните и најдоверливите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После Фелипе Кутињо Барселона повторно сака да активира бомба со деветцифрена понуда која Интер нема да може да ја одбие бидејќи Лаутаро има клазула од 110 милиони евра. Наводно Барселона е спремна да понуди и десет милиони повеќе за да го убеди Лаутаро.

Приказната за Лаутаро Мартинез се актуелни уште од летото, Аргентинецот изгледа како идеална замена за Луис Суарез. Главниот адут на Мартинез за влез во Барселона е Лионел Меси кој даде свои гаранција и во текот на летото, но тогаш клупското раководство заедно Ернесто Валверде донесе одлука дека се уште е рано да се потроши толкава сума за некој кој нема да има голема минутажа веднаш покрај Суарез. Сега ситуацијата се промени, Суарез се повреди и практично ја заврши сезоната, па Мартинез би имал место во стартните 11.

Ќе потсетиме и дека претходно во текот на денот Сетиен потврди дека Барселона е расположена за доведување на нова деветка.

„За нас таа опција е отворена, но зависи и од тоа кој ќе замине. Во овој момент сметам на сите играчи. Сите играчи се важни за мене и затоа нема повеќе да зборувам за потенцијалните трансфери“, изјави Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…