Дома Трансфер зона Мертенс донесе изненадувачка одлука за својата иднина

Мертенс донесе изненадувачка одлука за својата иднина

Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс е еден од најдобрите фудбалери на Наполи, но влезе во последната година од договорот, па има многу шпекулации за неговата иднина.

Мертенс има договор со Наполи до крајот на сезоната и може да замине како слободен агент во текот на летото, а се шпекулира дека клубот ќе го продаде уште во јануари за да се ослободи од него.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, „Скај Спорт“ известува дека се случил голем пресврт. Мертенс е решен да остане во Наполи затоа што верува дека може да ги реши несогласувањата со претседателот. Тој сака да остане барем уште две сезони, а останува да се види како клубот ќе реагира на тоа.

Мертенс се поврзуваше со Арсенал, Интер и Рома оваа зима, но ги одби овие понуди и реши да остане во Наполи. Тој пристигна во овој клуб во 2013 година од ПСВ, постигнувајќи 118 голови на 304 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…