Дома Фудбал Официјално: Покетино ја презема клупата на Јунајтед во најтешкиот момент

Официјално: Покетино ја презема клупата на Јунајтед во најтешкиот момент

Официјално: Покетино ја презема клупата на Јунајтед во најтешкиот момент

Манчестер јунајтед спасот од резултатската криза ќе го бара со Маурисио Покетино. Клубот во петокот го потврди назначувањето на аргентинскиот тренер, кој доаѓа на местото на отпуштениот Мајкл Керик.

Преземањето на екипата е закажано за 18 ноември. Дотогаш Покетино треба да ги заврши обврските како селектор на САД, односно да ја предводи репрезентацијата на двата натпревари против Хаити.

За неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ е постигнат договор со американската фудбалска федерација. Тој предвидува Покетино и неговите соработници да бидат ослободени по завршувањето на репрезентативните задачи. Федерацијата ќе добие 10 милиони евра обесштетување за тренерот и уште два милиона за неговиот стручен штаб.

Пред 54-годишниот поранешен тренер на Тотенхем стои исклучително тешка задача. Јунајтед е трет од дното во Премиер лигата, со само една победа во десет натпревари. Таквиот учинок го донесе најлошиот старт на клубот во последните 40 години.

Ниту европската слика не нуди многу простор за мир. Во Лигата на шампионите, англискиот тим освои шест од можните 12 бода и го очекува тешка борба за пласман меѓу најдобрите осум.

Според дел од англиските медиуми, Покетино треба да потпише договор на две и пол години. Со неговото назначување, Јунајтед се обидува да предизвика пресврт по разочарувачките резултати и продолжениот период во кој клубот не ги исполнува очекувањата.

Фото: Mundo Deportivo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ескас пак ќе им суди на Италија и Белгија: Во Рим покажа црвен по ВАР-преглед

Норвежанецот Еспен Ескас е делегиран за дуелот во Брисел, каде на Италија ѝ е доволен бод …