Фудбалерот на ПСЖ Килијан Мбапе не сакаше да зборува за можноста да премине во Реал Мадрид, но отворено призна дека му се воодушевува на Ливерпул.
Во текот на претходниот преоден рок често се пишуваше дека младиот Французин може да премине на „Сантијаго Бернабеу“. Една од причините за таквата ситуација беше тоа што Зинедин Зидан јавно го пофали.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сите зборуваат за тоа, но не е вистински моемнт. Се уште сме само јануари. Тоа не би било добро за ПСЖ каде што играм во овој момент. Фокусиран сум само на клубот за кој играм и сакам да му помогнам да напредува, па затоа не е добро да зборувам за мојата иднина. Замислете што ќе се случи ако ви одговорам на тоа прашање“.
„Кога стигнав во Париз имав 18 години. Сега сум суперѕвезда. Морам да останам мирен и фокусиран“, изјави Мбапе.
Во еден момент Ливерпул беше заинтересиран за Мбапе.
„Тоа што Ливерпул го прави е неверојатно. Тие се како машини. Не изгубија ниту еден натпревар во домашното првенство. Сега сите бараат мани за да ги победат“, порача младиот фудбалер.