Менаџерот на Челзи Френк Лампард сака да донесе искусен напаѓач во тимот, а англиските медиуми тврдат дека „сините“ покажуваат сериозен интерес за Едисон Кавани.
Лампард даде дипломатски одговор истакнувајќи дека во моментов има многу искусни напаѓачи на трансфер пазарот на кои може да смета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кавани е одличен фудбалер. Не сум запознаен со неговата ситуација и не сум сигурен како ќе се одвива сето тоа. Тој има искуство, но постојат и други играчи кои имаат искуство“, изјави Лампард.
Договорот на 32-годишниот напаѓач со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, но Кавани сака уште во јануари да ја промени средината.
Уругваецот има договор со Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ не можат да најдат заеднички јазик со ПСЖ околу обештетувањето, а таквата ситуација може да ја искористи Челзи.
Челзи наскоро ќе се ослободи од Оливие Жиру, кој ќе се пресели во Интер, па ќе има голем буџет за трансфери и може да ја плати бараната сума од ПСЖ за да го донесе Кавани на „Стенфорд Бриџ“.