Дома Топ вести Реал и Баерн експрено постигнаа договор: Шпанецот се сели во Минхен!

Реал и Баерн експрено постигнаа договор: Шпанецот се сели во Минхен!

Реал Мадрид и Баерн Минхен постигнаа договор за позајмица на бекот Алваро Одриасола на „Алијанц Арена“.

24-годишниот десен бек оваа сезона добива мала минутажа, па и самиот побара промена на средината, а денес не беше дел од тренинг сесијата на „кралите“, бидејќи се подготвува да замине во Германија.

Веста за неговиот трансфер во Минхен ја потврдија гермнаски „Билд“ и шпански „АС“, па се очекува наскоро и потврда од клубовите.

Одриасола пристигна во Реал во 2018 година, но не може да се избори за голема минутажа бидејќи на неговата позиција одлично игра Дани Карвахал.

Реал се согласи да го пушти на позајмица бидејќи Шпанецот во Минхен ќе има поголема минутажа, а не е јасно дали Баерн ќе има право да го откупи на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…