Може ли Бејл да се врати во Тотенхем?
Ако ги следиме букмејкерите можно е такво нешто. Наводно, големиот број уплати во последните 24 часа на враќањето на Бејл во Тотенхем ги натерало букмејкерите да ја исфрлат оваа понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Велшанецот се поврзува со враќање во Тотенхем и обложувалниците понудија можност да се уплати пари на тоа дека Бејл ќе се врати во Лондон.
Во последните 24 часа забележан е голем број уплати на враќањето на Бејл во Тотенхем.
Наводниот состанок помеѓу Флорентино Перез и Даниел Леви бил причина за уплатите.
Бејл има договор со Реал до 2022 година, но неговото незадоволство Мадрид е евидентно. Ќе потсетиме Бејл беше блиску до заминување и во летниот преоден рок.